ИНИЦИЈАТИВА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ - СОС ВАЛАНДОВО

Валандово, 16 активно вклучени, 1300 посетители

1300 луѓе го посетија фестивалот за храна во Валандово кој што пренесе многу важна порака и имаше значајна цел.

Целта на оваа иницијатива беше собирање на 2000 потписи од граѓаните на Валандово со цел исполнување на условот за поднесување барање за референдум кој ќе ја спречи изградбата на рударскиот комплекс Казандол. На самиот настан СОС Валандово собраа 2500 потписи односно 500 повеќе од очекуваното.