ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КИЧЕВСКОТО КАЛЕ

Кичево, 30 активно вклучени, 100 посетители

Неформалната група мобилизираше 30 луѓе од Кичево од сите националности кои живеат таму, за да учествуваат во акцијата за чистење на Кичевското кале. Една недела подоцна, 27 граѓани учествуваа во акцијата за поставување на корпи за отпадоци, клупи и мапи, промовирајќи го како туристичко обележје.