ГЕРИЛА АКЦИЈА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО - МКЦ, Битола

Потребата од чист воздух битолчани симболично ја прикажаа на Широк сокак, со делење на 150 тегли со свеж воздух од Пелистер. Целта на овој перформанс беше подигнување на свеста за енормното загадување на воздухот во градот и последиците од истото.

 

Штандот го посетија околу 1000 луѓе загрижени за состојбата со загадувањето во Битола. Интригирани од изведбата граѓаните се осврнаа на потребата за дејствуваат во насока на подобрување на ситуацијата.