Мрдни со прст и Go Green за чиста околина во близината Бел Рај, Миравци

Еко акција спроведена од Мрдни со Прст и Go Green за подигање на свеста на локалното население во Миравци и општина Гевгелија и едукација на децата за важноста на природата. За време на акцијата локалното население и учениците од основните училишта во околината го исчистија преубавиот предел околу двете природни бистри езера на Стара Река, поставија големи канти за отпадоци и патокази за фрлање на ѓубре. Да продолжиме да мрдаме со прст за преубавиот Бел Рај во Миравци!