Мрдни со Прст и разубави го просторот за играње во Стара Топаана

Акција за чистење на отпадот под улицата „Самоилова“ во центарското маало Стара Топаана (под Кале), разубавување на просторот за играње и поставување контејнери за ѓубре организирана од Мрдни со Прст, Црвениот Крст на Република Македонија и локалните жители.

Целта на оваа акција насловена „Разубави го просторот за играње заедно со локалното население од Стара Топаана“е обид да се понуди трајно решение за проблемот со кој се соочуваат жителите на оваа стара ромска населба.

 

На просторот кој првично бил наменет за детска игра и забава, беше насобран отпад што не само што го блокира местото на децата за игра, туку претставува и потенцијален извор на зараза.