Мрднавме со прст на Вело Родео #5

Успешно го извозивме најголемото Вело Родео досега заедно со Еco-Logic и 17 основни училишта од Источна Македонија и над 150 учесници. На овој настан, учесниците се натпреваруваа во велосипедски вештини, а идејата е да се промовира велосипедот како средство за транспорт во урбани и рурални средини, како и начин на забава.

 

На трите првопласирани училишта доделивме 3 велосипеди кои ќе се користат за понатамошна вело-едукација на децата, уште од мали нозе.