Го качивме Прилеп на педали

Во рамките на 40-тата Критична маса на „НаТочак Прилеп, стотина љубители на велосипедизмот мрднаа со прст и го кренаа градот под Марковите кули на педали на досега најголемата критична маса во Прилеп.

 

Млади и стари, големи и мали, Прилепчани гордо застанаа зад своите точаци и испратија јасна и гласна порака дека е неопходно Прилеп да добие соодветна инфраструктура, а пред сè - сообраќајна култура за возење велосипеди. За дружбата да остане запаметена, на почетокот и крајот на рутата, велосипедистите ги пречекаа познатите мрдачи со прст DJ Гоце Саф и Марко Новески кои им се придружија во испраќање на нивните вело-визии - Прилеп да прерасне во вело-град и надалеку да одекне  велосипедското ѕвонче.