Еко акции во Св. Николе

Во рамките на кампањата се предвидени за реализација три поголеми еко акции за чистење на излетничките места во околината на Свети Николе. Заради тоа претстоеа подготвителни активности за успешна реализација на предвидените еко акции. Со цел да се разубават излетничките места, да се исчистат и да се постават буриња за фрлање отпад и инфо табли со еко пораки за подигање на свеста се организираа неколкудневни активности за фарбање и декорирање на 40 буриња, изработка на инфо табли, пишување на еко пораки, декорирање и фарбање. Активностите се реализираа во дворот на ДПД, а беа вклучени околу стотина помлади волонтери и членови на ОЖОСВН и Извиднички Одред „Гоце Делчев”, како и соседи и останати деца кои се информираа преку нивните другарчиња.