Реализирање на три маалски акции во Св. Николе

Со цел да се активираат поголем дел од сограѓаните и да се поттикнат самите да се размрдаат и грижат за своето опкружување и соседство, во рамките на кампањата имавме и јавен повик за аплицирање и реализација на маалски акции на кој пристигнаа 10 апликации, а во рамките на кампањата ќе бидат поддржани 5-6 акции. Во изминатиот период веќе се реализираа 3 од акциите, две од нив се однесуваа на уредување на просторот пред зградите во кои живеат, а едната беше за поставување ограда и доуредување на веќе постоечко детско игралиште.  Во овие три акции се вклучија вкупно околу стотина соседи, а при нивната реализација свој придонес дадоа и волонтерите на ОЖОСВН, ДПД и ЈКП Комуналец.