Чистење на речното корито во центарот на Св. Николе

Целта на настанот беше да се разубави центарот на градот и да се исчисти речното корито во делот на градскиот парк и основното училиште Кирил и Методиј. Акцијата се реализираше во периодот од 15 до 18 август, а во истата учествуваа волонтери и членови на ОЖОСВН, Доброволно противпожано друштво и Извиднички Одред Гоце Делчев од Свети Николе, како и со поддршка од нашите соработници ЈКП Комуналец и Локална Самоуправа Свети Николе.

 

Главно акцијата ја реализираше локалната компанија АГП, која располага со соодветна механизација за оваа намена, вработените од комуналното претпријатие го чистеа делот од речното корито каде не можеа да достигнат машините, а волонтерите и останати граѓани кои се приклучија на акцијата го чистеа делот околу речното корито.