Промотивен настан „Мрдни со прст“ во Свети Николе

Целта на настанот беше информирање и запознавање на граѓаните со активностите и акциите кои ќе се реализираат во периодот од јули до октомври 2017 година во рамките на кампањата „Мрдни со прст, односно активности за подигање на свеста за грижа за животната средина во Свети Николе“.

Во рамките на промотивниот настан се оддржа едукативна и креативна работилница за најмалите на тема: „Засади го своето прво цвеќе и подари го, а работилницата беше водена од волонтерката на Мировен корпус во ОЖОСВН - Дебора Викфилд и на истата учествуваа 50 дечиња кои ги засадија своите први цвеќиња и ги подарија на своите баби и/или мајки.

За забавниот дел беше задолжен локалниот бенд Street tale.

 

Настанот беше организиран во соработка со ДПД и Извидничкиот одред „Гоце Делчев“.