
Градот на конзулите, преубавата Битола, како и сите поголеми градови во Македонија, се соочува со горливиот проблем во сообраќајот – непрописно паркирани автомобили. Поттикнати од битолчани, мрднавме со прст и ги размрдавме битолските возачи со една несекојдневна акција со единствена цел – да ја зголемиме нивната свесност за тоа каде и како треба да ги паркираат своите автомобили.
Ги информиравме и им доделивме признанија на непрописно паркираните автомобили во централното подрачје на Битола кои “уживаат ВИП третман”, им потенциравме дека е недозоливо да паркираат онаму каде што не треба – на тротоари, на несоодветни места, на сред улица, а најмалку на зелени површини и пешачки премини.