МРДНИ СО ПРСТ СО ПАРКИНГ ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО ГОСТИВАР И ТЕТОВО

Ги размрдавме Гостиварци и Тетовци со една несекојдневна акција, а со цел да ја зголемиме свесноста кај возачите за тоа каде и како треба да ги паркираат своите автомобили, испраќајќи порака дека никој не треба да се однесува како ВИП личност и да паркира онаму каде што не треба – на тротоари, на несоодветни места, на сред улица, а најмалку на зелени површини и пешачки премини.