МРДНАВМЕ СО ПРСТ НА TOUR DE LAKE(S)

Во рамките на еко велосипедската рекреативна тура “Tour De Lakes” која во еден ден ги обедини Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица, 150 велосипедисти и бројни љубители на велосипедизмот и забавата, одговорно мрдаа со прст со цел зачувување на животната средина и собирање на отпадот на 150 и 90 km стази и охридските плажи.

 

Велосипедистите беа опремени со специјални ранчиња во кои тие можеа да го сочуваат својот отпад во текот на возењето, а по завршувањето на долгиот предизвик се придружија на околу 600 посетители на почетната точка од турата на охридската плажа „Кј Дивоно (Gorica Beach) на само еден километар од Охрид, каде преку забава ја чистеа плажата и уживаа во прекрасниот празничен ден покрај Охридското Езеро. Атмосферата ја загреа DJ Panco кој со својот DJ настап помогна во мрдањето на прстите на голем дел од присутните, но и на изморените велосипедисти кои што по завршувањето на турата се опуштија на плажата.