АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ ВО АЕРОДРОМ

На 17ти јули во Аеродром во близина на ул.Венјамин Мачуковски под Железничката Станица Скопје, Мрдни со Прст организираше акција за чистење и разубавување на маалото. Во акцијата учествуваа повеќе од 60 граѓани и се приклучија и претставници на НМСМ, GoGreen, Ајде Македонија и Сојузот на Извидници на РМ. На чистењето се придружија и Тони Зен, Гоце САФ, Битрикс Кру и Марко Новески кои преку музика, цртање графити и Хип-Хоп танци покажаа дека ваквите акции можат да бидат и многу забавни.