МЕДИА АРТЕС, Охрид

Заедно со Медиа Артес мрднавме со прст и во Охрид! Петнаесет млади луѓе во преполната сала во Охрид ги искажаа своите потреби и чуства преку слем перформанс. На овој настан му претходеше обука која ја добија од професионални актерки.

 

По иницијативата Медиа Артес добија покана за соработка од Акција Плус од Ресен за промоција на слем поезијата во Ресен и градење на капацитетите на Акција Плус со цел вклучување на млади луѓе кои ќе ја користат оваа уметност.