АКЦИЈА ЗА ВТОРИОТ РОДЕНДЕН НА РЕТВИТНИ ОБРОК

На 21.4. 2016, Мрдни со прст заедно со Ретвитни оброк, прославувајќи го вториот роденден на групата ентузијасти кои посветено работат на обезбедување на неопходната помош на оние на кои им е најпотребна, организираа кампања за подигнување на свеста на граѓаните да не ја фрлаат храната која им останува, притоа поканувајќи ги активно да се вклучат во подготовката на храната. Со  музичката поддршка со цел готвењето да биде разиграно, лесно и певливо од страна на DJGoce SAF, беа подготвени повеќе од 150 оброци кои потоа беа дистрибуирани до оние на кои таа им е најпотребна, на збирното место зад Спомен-куќата на Мајка Тереза.