АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ТОПЛА ОБЛЕКА ЗА БЕЗДОМНИЦИТЕ

Во периодот од 13 – 15 јануари годинава, Мрдни со Прст во Скопје Сити Мол постави пункт за донации, каде хуманите граѓани донираа  ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства, кои потоа беа доставени до Социјалниот центар „Дуња“ којшто обезбедува помош и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури. Акцијата наиде на огромен интерес кај хуманите граѓани чиишто донации наполнија еден голем камион.