ГЕРИЛА АКЦИЈА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО

На 30ти декември 2016, во рамките на „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и делеа тегли со чист планински воздух на случајните минувачи на плоштад Македонија, со цел да ја подигнат свесноста за загадувањето на воздухот во Скопје. На акцијата и се приклучија и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и организацијата Go Green - Биди зелен.