Граѓанска акција за чистење на Скопскиот Аквадукт

На 18ти декември 2016, во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и собираа отпадоци околу скопскиот Аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот, информираат од организаторите. На акцијата за чистење на Аквадуктот на граѓаните се приклучија и Националниот младински совет (НМСМ) и Сојуз на извидници на Република Македонија.