Хуманитарна аукција за децата кои доаѓаат во центарот за ресоцијализација и рехабилитацја во ХОПС

На 11 април 2016, во Јавна Соба се одржа хуманитарна аукциска вечер со познати уметнички имиња чија цел беше собрирање на парични средства за поддршка на дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници. 

Аукциската вечер беше организирана од страна на Мрдни со прст заедно со ХОПС, каде преку продажба на делата на преку 35 македонски уметници, дизајнери и писатели беа собрани значителни средства.