ВО ЦИД КРЕИРАМЕ ПРОСТОР ЗА ПРОАКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА

Флорим Реџепи – Центар за интеркултурен дијалог - Куманово

 

1.Која беше вашата мотивација да се активирате во ЦИД (или да се формира ЦИД) и дали таа е се уште присутна или се промени во текот на годините?

Во ЦИД се вклучив бидејќи пронајдов поддршка и простор за дружење со млади врсници од различни култури и религии, освен дружба имаше простор и заедно да соработуваме и да се вклучиме во младински активности преку кои можеме да реализираме општествени промени кои ги засегаат сите млади. Токму кон таа цел и денеска сум вклучен во ЦИД да креираме простор за проактивно вклучување и креирање позитивни промени во локалната заедница. 

 

2.Што претставува за вас младинско учество ?

Младинско учество претставува проактивно вклучување на младите во нивната локална заедница со цел на подобрување на позицијата на младите и другите во заедницата. Ова може да се разбере од аспект на вклучување на младите во донесување на одлуки во процеси кои директно или индиректно ги засегаат нив, додека од друг аспект е вклучување на младите во активности кои директно би влијаеле во промена на сегашната ситуација во нивната околина. 

 

3.Како се борите тоа да го остварите за младите во вашиот регион ? 

Вклучување на младите во процеси преку кои директно се во улога на чинители на позитивни промени во нивната локална заеднициа е на некој начин еден од поуспешните пристапи. Понатаму преку едукација на младите за човекови права, активно граѓанство и како тие преку младински активизам и учество да бидат вклучени во процеси на креирање на промена во нивната локална заедница. Сето оваа програмски се рализира преку проектни активности на младинскиот центар MultiКулти простор во кој што младите иницираат и водат активности преку кои тие се вклучуваат и го исполнуваат нивното слободно време, дел од кои беа и иницијативите на Мрдни со Прст во кои младите иницираа и водеа активности за креирање промени во нивната локална средина.

 

4.Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате во работата ?

Во работата со млади, освен предизвици кои произлегуваат директно од младите во нивниот процес на развој и учење како значителни актери се и старите односно нивните родители и  наставниците кои се во улога на ментори во процесите на учење кај младите, и тоа од аспект на разбирање на значењето на потребата од активирање и креирање простор младите да се иницијатори на промени, признавање на постигнувањата на младите и нивна директна поддршка. Од друга страна секогаш се појавува и потребата за поголемо разбирање на вклученоста на младите во активности преку кои тие ќе ги реализираат нивните права и ќе се во улога на активни граѓани во општеството.

 

5.Што ве инспирираше да го оформите Мулти култи центарот, што ги инспирира младите да учествуваат во активностите на МултиКулти?

МultiКулти младинскиот центар е формиран со цел на креирање на сигурен простор за млади од Куманово во кој што тие ќе можат пред се да се дружат со нивни врсници од различни култури и заедно да работат на проблеми кои ги засегаат нив. Простор во кој тие можат да дојдат и корисно да го искористат нивното слободно време, а пред се во корист на нивен личен развој, градење доверба меѓу млади од различни заедници и култури. Самите програми и активности секогаш се базирани на потребите и интересите на младите и тоа е едно нешто што ги мотивира активно да се вклучат во реализирање на тие активности. 

 

6.Што претставува за вас Мрдни со прст кампањата?

Центар за интеркултурен дијалог со кампањата Мрдни со прст влијаеше активно во три      општини (Куманово, Липково и Старо Нагоричане) со различни иницијативи почнувајќи од подигање на свеста на граѓаните за почиста околина,  па креирање повеќе простор за лица со посебни потреби,  ангажирање на сите граѓани за градење на игралиште за децата да имаат место за дружење.  Исто така жителите ги ангажиравме  да градат постројка за посебни потреби и месна заедница за млади,  место каде сите млади ќе се дружат во слободно време.

 

7.Со вклучување во кампањата, какви промени инициравте во вашата заедница?

Вклучувањето во Кампањата Мрдни со прст овозможи поголем простор за реализирање на активности во локалната заедница, не само преку просториите на МultiКулти. Ова значеше вклучување на млади од различни средини во Куманово, Општина Липково и Општина Старо Нагоричане. Во трите заедници се претставуваа различни прашања и приоритети за решавање.  Оттука и различни иницијативи беа реализирани како што се креирање повеќе простор за лица со посебни потреби,  ангажирање на сите граѓани за градење на игралиште за децата да имаат место за дружење.  Исто така жителите ги ангажиравме  да градат постројка за посебни потреби и месна заедница за млади,  место каде сите млади ќе се дружат во слободно време. Кампањата Мрдни со прст креираше простор за иницијатива и вклучување на различни чинители во остварување на целите на заедницата. 

 

8.Што би им препорачале на граѓаните кои сѐ уште се немаат вклучено во вашите активности или пак во акциите на Мрдни со прст?

На сите граѓани млади и стари, вработени и невработени  им препорачуваме да се вклучат во акциите на Мрдни со прст и да дадат свои идеи за промена и заедно со нивниот круг на другари да се приклучат да придонесуваат во своето општество. 

 

9.Зошто сметате дека е важно младите да бидат активно вклучени во промените во општеството ?

За остварување на напредок е потребна промена, и младите се тие кои најмногу би можеле да придонесат преку нивно активно вклучување и проактивно делување во нивната заедница за подобрување на моменталната ситуација и креирање на простор за долгорочен општествен развој и раст.