Во недела Мрдни со прст за поздраво и позабавно детство!

06 октомври 2017 – Во недела од 12:00 часот Мрдни со Прст, Црвен Крст на Република на Македонија и локалните жители во маалото Стара Топана ќе организираат голема акција за разубавување и чистење на просторот за играње кој што се наоѓа под улицата Самоилова. На просторот кој што првично бил наменет за  детска игра и забава сега има насобрано отпад кој што не само што го блокира местото на децата за игра, истовремено претставува потенцијален извор на зараза што може да влијае негативно на нивната здравствена состојба.

Целта на оваа акција е да се обиде да понуди трајно решение за проблемот. Со таа цел, Црвен крст на Република Македонија мрднаа со прст и организираат волонтерска акција за чистење на отпадот, разубавување на просторот за играње и поставување контејнери за ѓубре.

Мрдни со Прст ги повикува сите граѓани да се придружат и да се вклучат во акцијата која ќе се одржи на 8 октомври (недела) со која заедно со локалното население и Црвен Крст ќе се исчисти и разубави просторот.

Целта е да им помогнеме на жителите на оваа населба да живеат поздрав живот, а на нивните деца ќе им го ослободиме старото омилено место за игра. Локацијата на игралиштето е веднаш спроти пекарата Сирма на улица Самоилова на Кале! За работата да биде позабавна таму ќе биде ДЈ Гоце САФ кој што ќе пушта музика и ќе помогне во целата акција.

Придружи се овој викенд за почисто Скопје и поздраво детство.

Со овој настан,  “Мрдни со Прст“  продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. ,,Tи си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеја, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за овој настан се достапни на официјалниот настан на Фејсбук, на следниот линк . Повеќе информации за иницијативата на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk и Фејсбук страницата https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/

 

Мрдни со прст! Ти си на потег!