Во недела – Хуманитарна акција и Октомвриски Марш со децата со Даунов синдром во Струмица

29 септември 2017 – Во светски рамки, месец октомври е посветен на лицата со Даунов синдром, кога во различни земји, сфери и области се организираат активности за подигнување на свесноста за нивна инклузија во општеството.

На самиот почеток на месецот, оваа недела – 1 октомври, одговорните мрдачи со прст заедно со Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов Синдром „Вера“, за прв пат во Струмица организираат Октомвриски марш за подигање на јавната свест за прифаќање на лицата соДауновСиндром. 

Во недела, точно на пладне, на Плоштадот Гоце Делчев, струмичани активно ќе мрдаат со прст и преку симболичен марш ќе ја пренесат пораката дека
Љубовта и поддршката не бројат хромозоми и ќе го дадат својот придонес во обезбедување на неопходниот училишен прибор за оние семејства на кои тој им е најпотребен. 

Учесниците ќе го започнат и завршат маршот на Градскиот Плоштад Гоце Делчев”, каде ќе биде поставен и пункт за собирање на училишен прибор кој што ќе биде дониран на децата со Даунов синдром. За одлична забава ќе се погрижи ДЈ Гоце Саф, додека Марко Новески ќе маршира заедно со учесниците.

Да донираме училишен прибор и подариме насмевка!

Со овој настан,  “Мрдни со Прст“  продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. ,,Tи си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеја, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за овој настан се достапни на официјалниот настан на Фејсбук, на следниот линк . Повеќе информации за иницијативата на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk и Фејсбук страницата https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/

 

 

Мрдни со прст! Ти си на потег!